„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мерната станица во Лисиче не го мери загадувањето на воздухот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон, пишува Мета.

— реклама —

Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на ПМ-10, а во Карпош не се мерат ПМ-2,5 честичките.

— реклама —

Гази Баба, заедно со населбите Аеродром, Лисиче и Ново Лисиче, минатата година ги соборуваа рекордите со најмногу загадени денови- лани 177 имало во Гази Баба, потоа следи Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.

Линкот на сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање, на кој треба да бидат јавно достапни податоците за степенот за загадување на воздухот во Скопје и во другите градови во државата не е во функција, бидејќи е променета веб-адресата во http://air.moepp.gov.mk што е збунувачки за граѓаните.

Ниту министерот за животна средина Садула Дураку, ниту пак заменикот-министер Јани Макрадули, не беа достапни за изјава во врска со мониторингот на загадувањето на воздухот туку најавија соопштение до јавноста во кое требало да ги образложат причините за несоодветното информирање за загадувањето.

„Мерните станици се сервисираат“ е одговорот кој најчесто се добива од Министерство на прашањето, зошто некои мерни станици за квалитет на воздухот во главниот град на државата, поставени токму од ова Министерство, веќе подолго време не враќаат податоци за степенот на загадување со честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 кои се едни од најсериозните индикатори за опасност од аеро-загадување.

Ова може да се забележи и на веб-апликацијата и сајт Мој воздух, која редовно добива податоци од истите мерни станици на Министерството, но каде дел од станиците враќаат само некои од параметрите кои се на листата за мерења.

Авторот на овој мошне посетуван сајт, Горјан Јовановски, вели дека нема повратен одговор од Министерството зошто некои мерни станици испраќаат податоци за некои параметри, додека други не.

Според О2 Коалицијата за чист воздух симптоматично е дека мерните станици во Гази Баба и Карпош за помалку од два месеца се повторно на сервисирање, калибрирање и прашуваат зошто не е добро направено претходното..

„Пред скоро два месеци испративме повеќе прашања до Министерството за животна средина и просторно планирање на кои и покрај најавениот одговор од 15 дена од заменик министерот Јани Макрадули, одговори до ден денешен не добивме“, велат од О2 Коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања