Местото Мегдани ( кај Рача ) во Охрид, денес доби асфалт на повеќе пристапни патишта до куќите и плацовите на овој простор.
Мегдани е место од каде се пружа неповторлива глетка на цело Охридско Езеро, на градовите Охрид и Струга и околината и последните години е нај атрактивно за трговија со земјиште и куќи , а сопственици на недвижности тука последниве неколку години станаа неколку познати бизнисмени од Скопје, како и државјани на Велика Британија, Холандија и Србија.