Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Метлата на Заев: Исмаили во култура, Нуредини во екологија, Дураку во политички систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-metla

Хисни Исмаили ќе го замени Асаф Адам во Министерството за култура. Од ДУИ потврдуваат дека Насер Нуредини ќе ја води екологијата, додека Садула Дураку ќе помине во Министерството за политички систем.

— реклама —

Локалната власт останува во игра за да и се даде на Либералдемократската партија, додека министерството без ресор за подобрување на внатрешната бизнис клима се очекува да премине кај една од ромските партии.

— реклама —

Од редовите на СДСМ, нов министер се очекува во земјоделството, а исто така се дознава и за смена на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и за еден министер без ресор.

Заев рече дека ќе ги разгледа и предлозите на другите партии.

— реклама —

-Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата – изјави вчера Заев, најавувајќи дека паралелно се работи и на вториот бран промени со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања