„Метод“ во Народен Театар Охрид во петок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
20

Најпоставуваниот современ шпански текст во Регионот, за првпат преведен и поставен во Македонија.

— реклама —

"Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, премиерно на репертоарот на Народен Театар Охрид во петок (23 ноември)  со почеток во 20.00 часот.

— реклама —

Претставата е во режија на Ирена Стеријовска, а играат Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.

— реклама —

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса. - Ирена Стеријовска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања