Мехмети: Османи најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zamir

Замир Мехмети, поранешен активист на Шарената револуција, а сега советник на генералниот секретар на СДСМ, ја критикува акцијата која ја спроведе вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во која  ги обиколи институциите  за да види дали го спроведуваат законот за двојазичност и дали се поставени табли и на албански јазик. Мехмети му порачува на вицепремиерот пред се да се заангажира во седиштето на ДУИ во Мала Речица конечно да биде поставено и државното знаме согласно Законот за употреба на знамињата. Еве што напиша Мехмети на социјлната мрежа Фејсбук:

— реклама —

„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.

Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..

— реклама —

А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.

Или се бориш за вистинско спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема!“, напиша Мехмети на својот фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања