Промени тема
Контакт

МФ: Јавниот долг е намален за 3,7%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222536

Јавниот долг, заклучно со 31.3.2022 година, изнесува 57,1% и е намален за 3,7 процентни поени во однос на 31.12.2021 година кога изнесуваше 60,8% од БДП. На намалувањето на јавниот долг влијаеше отплатата на обврските по основ на главнина за надворешен долг во прв квартал во 2022 година, во износ од 55,2 милиона евра. Согласно последните податоци, јавниот долг е позициониран на ниво под мастришкиот критериум на Европската Унија, што ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии во време на енергетска криза и зголемена инфлација.

Со цел заштита на портфолиото на државниот долг од евентуалните идни пазарни шокови, односно од неповолните промени на каматните стапки што директно влијаат врз зголемување на трошоците на Буџетот, eдна од целите во следниот период е одржување оптимална каматна структура на портфолиото на државниот долг. Согласно ова, министерот за финансии, денеска на форумот „100 дена Влада“, истакна дека е важно да се намали цената на чинење на трошоците.

— реклама —

„Јавниот долг се намалува за 3,7 процентни поени. Со тоа се создава простор за 454 милиони евра дополнително финансирање во тековниот период од годинава“, потенцира министерот Бесими.

— реклама —

Тој притоа додава дека од исклучително значење е носењето на Законот за буџети, којшто во моментов е во собраниска процедура. Согласно Законот, Буџетот и Фискалната стратегија треба да бидат во согласност со фискалните правила коишто се однесуваат на дефицитот и на вкупниот долг на општата власт. Притоа, буџетскиот дефицит за соодветната година не смее да надмине ниво од 3% од номиналниот БДП, додека вкупниот долг не смее да надмине ниво од 60% од номиналниот БДП.

— реклама —

Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, се очекува долгот на крајот на годинава да изнесува 63,5% од БДП. На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,5%, додека државниот долг ќе се сведе на 50%.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања