Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Ми пишуваше и ги бришеше пораките“: Македонска адвокатка со потресна објава за убиената Милена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-library1pc8ck207houdNbwftN

Катерина Котеска-Стисниовска, која работи како адвокат од 2013 година, а е специјализирана за семејно право и семејно насилство, се огласи на својот Фејсбук откако во Пјаченца, Италија, Македонецот Хако Витанов си ја уби сопругата Милена, а потоа се јави во полиција да го признае убиството.

Милена, според адвокатката Котеска-Стисниовска била жртва на семејно насилство, и таа пред неколку месеци пробала да стапи во контакт со Катерина.

— реклама —

Иако адвокатката очекувала повик од Милена, таа никогаш не се јавила, а Катерина се огласи на Фејсбук.

— реклама —

Срцето ми се скрши...

Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може.

На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде.

Зошто драга Милена, не одлучи да избегаш, да го оставиш, да се спасиш???

Душата ѝ била изгорена по смртта на синот кој загинал во сообраќајка, едноставно изгубила желба да се бори.

Но драги жени кои трпите насилство, животот е еден, а вашите деца претрпуваат трауми кои се ненадоместиви.

Насилството ви го уништува здравјето, а траумите на децата нивната иднина.

Апелирам до сите жртви кои во моментот трпат насилство ,да се охрабрат, да тргнат да се спасат. Нема оправдување за семејното насилство! Сите против семејното насилство“, стои во објавата.

— реклама —
media-librarypnj2aossbgqt1EcXAZp

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylp2lt1gdjckn3mSKlEz

Почина Милена, инспирацијата за легендарната „Моја Милена“ на „Нови фосили“

Магазин | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања