Миа по коментарите за Петар: Анксиозноста е поврзана со перидот во кој сум учела како да читам коментари во кои ми се силува семејството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
mia-kostova-petar1

Познатата водителка и инфлуенсерка, Миа Костова, за коментарите под објавите на социјалите мрежи со малиот Петар кој стана хит со „грашокот“, даде свое мислење. Посочи дека за џабе се сите апели за сајбер булинг.

— реклама —

„Кога ќе видам што се може да се изнапише за едно дете за 4 минутно најпозитивно и пресимпатично видео, ми иде да си закачам медаља за тоа што сум дел од социјални мрежи и дека моите почетоци беа поврзани со портали под кои коментираше кој што сака а и јас бев младо дете кое кузнае како се справуваше со несреќата на оние кои успеале да стасаат до рутер. И до ден денес е исто, ама денес може само да ми плукнат под прозор и бесплатно да се излечат во коментар на моја сметка.

— реклама —

Кога ќе размислам подобро, анксиозноста и сѐ што влечам денес е поврзано со периодот во кој сум учела како да си легнам и да станам да дочитам коментари во кои ми се силува семејство до трето колено.

— реклама —

Вие сте психопати со интернет. За жал, не се сите Миа и ќе бидете одговорни за последици кај многу млади деца од кои најстрашните може да се и фатални. Имам тик ток, ако до сега не сте отвориле тикток и немојте, тоа е една страшна соц мрежа во која буквално се силува детскиот мозок со навреди кои ни возрасен не може да ги поднесе.

Џабе се сите апели и кампањи против сајбер булинг. Џабе е сѐ. Работете на тоа дека и кога децата се нападнати или малтретирани, најчесто е заради тоа што вредат повеќе од оние кои тоа не се. Зборувајте со децата и објаснете кој сѐ може да стои зад такви коментари. Објаснете дека зад такви коментари стојат луѓе на кои им е силно потреба љубов, среќа, луѓе кои ќе ги дружат и сакаат, помош или во краен случај лекови. Не е луд никогаш оној кој има нешто да каже или сака да се слика со орел на глава. Најчесто болен и тажен е оној кој ќе истури ќеса го*на без да биде предизвикан во коментар за човек кој ниту го знае ниту го познава.

Имаат среќа сите оние што јас не сум мајка на Петар. Навистина имаат среќа“, напиша Костова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања