Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицевска: Бетон Герасимовски и менторот Филипче гледаат во туѓиот двор, а Центар им тоне пред очи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Некатегоризирани
media-library6iaf73it9b5oc5IZrFr

Денеска сме во Крњево, каде што буквално никнува нов град. Се градат нови станбени објекти, се зголемува бројот на жители, но каде се училиштата, каде се спортските терени, каде е инфраструктурата што треба да го следи овој развој? Каде ќе учат децата кои ќе растат во овие нови населби и каде ќе спортуваат? Наместо планиран урбан развој, граѓаните добиваат нови згради без соодветни содржини и услови за квалитетен живот, вели Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„И самиот Бетон Герасимовски во своите неодамнешни јавни настапи зборува за проблемите со капацитетите на градинките. Па како да нема проблем кога со години се дозволува интензивно градење, а јавната инфраструктура не го следи растот на населението? Кој ќе преземе одговорност за сето ова?

— реклама —
— реклама —

И додека Скопје се соочува со вакви проблеми, Горан Бетон Герасимовски и неговиот политички ментор Венко Филипче држат прес-конференции и се занимаваат со состојби во други држави. Го однел ли Герасимовски Филипче во Крњево да му покаже како изгледа новиот град што никнува без соодветни услови за живот? Или полесно е да се гледа во туѓиот двор отколку да се погледне во сопствениот?

Граѓаните на Центар не бараат политички прес-конференции за туѓи проблеми. Бараат решенија за сопствените. Прво нека си го средат сопствениот двор, нека се погрижат за општината за која добиле мандат и за луѓето што живеат тука. Локалната самоуправа постои за да им служи на граѓаните“, додава Мицевска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања