Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицевски: Бараме формирање на анкетна комисија за разгледување на енергетската криза, владата нема план

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikola-micevski

Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното интервју во централниот дневник на ТВ Сител најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара формирање на анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор, потенцирајќи дека владата нема стратегија и план како да се справи со кризата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе побара формирање на анкетна комисија за состојбите во енергетскиот сектор, односно што е преземено, т. ес што не е преземено во овој период кога цела Европа и цел свет активно се подготвува за зимата која што не очекува, а која што според сите показатели ќе биде катастрофална и многу лоша по однос на обезбедување на енергија и енергенси за граѓаните, порача Мицевски.

— реклама —

Мицевски праша дали прогласување на кризна состојба од страна на владата е се со цел да се справи државата од економска криза или всушност е со единствена цел а тоа е на новоформирани фирми да им се делат милионски тендери за ископ и транспорт на јаглен.

Што има преземено владата во овој период? Дали единствено донесувањето на кризната состојба им е со цел да можат тие договори за транспорт на фирми да продолжат да ги работат во четири очи и дали ќе продолжат со нивната тенденција а тоа е да ново формирани фирми во државата добиваат милионски тендери за ископ и транспорт на јаглен, праша Мицевски.

— реклама —

Координаторот Мицевски нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМЕН следниот период ќе ги искористи сите механизми за собраниски надзор, додавајќи дека согласно законот за кризи, собранието може во секое време да побара од власта да изготви извештај за кризната состојба.

— реклама —

Како опозиција овој есенски период ќе го искористиме за да ги употребиме сите механизми за собраниски надзор кој што ги имаме. Согласно законот за кризи може Собранието и претседателот во секое време може да побараат писмен или уснен извештај за состојбата во областа за управувањето со кризи и кризната состојбата која што е прогласена, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања