Мицевски: Бараме од Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која ќе се изгласаат законите од петтиот пакет мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikola_Micevski_12.03.2021

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, бараме итна седница, рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски откако претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите повтори дека нема да закаже посебна седница.

— реклама —

Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки и политиканство. Помошта е потребна веднаш, без одлагање. Од тие причини, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш, од оваа говорница бараме од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаме и едногласно ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите, истакна Мицевски.

— реклама —

Тој додаде:

— реклама —

Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата.

Апелираме уште еднаш, да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството.

Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања