Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицевски: Формално правно Беким Сали се уште е министер, СДСМ се доведе во ситуација да не може да му каже да потпише плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

— реклама —

Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.

— реклама —

- Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.

— реклама —

Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.

— реклама —

- Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања