Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицевски: Пред нас е договор кој е особена важност за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-18-155840

„Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го склучува во првата година од мандатот“ вели Никола Мицевски и додава:

„Овој договор треба да се поздрави како чекор во вистинска насока, насока на конкретна надворешна политика, продуктивна економска дипломатија и визионерска посветеност кон иднината на државата.

— реклама —

Со овој договор се воспоставува формално стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија, земја членка на Европската Унија и НАТО, со која имаме децениско пријателство и стабилни политички односи. Таквото партнерство, ќе овозможи унапредување на соработката во многу важни сфери: инфраструктура, енергетика, транспорт, информатичката технологија, сајбер безбедност, и одбрана. Овие области се двигател на секој сериозен развој и гаранција за економска и безбедносна стабилност, што е од особено значење во моменталната геополитичка состојба во Европа.

Договорот нуди нови можности за домашната економија, преку активно вклучување на македонскиот приватен сектор и внесување на странски инвеститори во реализацијата на стратешките проекти. Ова е особено важно што нашата економија има потреба од нова енергија, капитал и технологии.

— реклама —

Република Македонија со овој договор, се обврзува да ги олесни административните и законодавни бариери за имплементација на стратешките проекти. Ова е силен сигнал дека се насочуваме кон ефикасна држава, која не е сопствена сопирачка туку двигател на развојот.

— реклама —

Овој договор доаѓа во време кога Унгарија, е еден од најгласните и најдоследни поддржувачи на нашите европски интеграции. Во време на политичката несигурност и отворените кочење на нашето европско досие, поддршката од земја како Унгарија е од круцијално значење. Ова партнерство е мост кон европското семејство, а не декларација без содржина.

И конечно, дозволете ми да нагласам, дека за ВМРО-ДПМНЕ, стратешките сојузништва не се дневнополитичка реторика, туку темел на стабилна и суверена државност. Поддршката од Унгарија е доказ дека сме способни да градиме пријателства кои што носат резултати, проекти, инвестиции, работни места и побрза економска интеграција.

— реклама —

Да не дозволиме овој договор да биде сведок на партиски поделби, туку на единство кога се работи за националниот интерес.

Ве повикувам сите да го поддржиме овој договор и заеднички да ја отвориме новата етапа на македонско-унгарската стратешка соработка со визија, со резултати и со достоинство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања