Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски: Ако, гардата и химната го навредуваат нашиот гостин, тогаш чуму ни е сето ова кое вчера ни се случуваше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-ohrid-rez

Новинарите прашуваат, Мицкоски Одговара:

— реклама —

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски , одговара на новинарски прашања:

— реклама —

 

Прашање новинар:Задоволни сте од кампањата на сите тројца кандидати? Дали е фер и демократски како што имаше најава?

Христијан Мицкоски : Па ние водиме кампања за да победиме. Практично ние сме убедени дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде иден претседател на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија подржа надпартиски кандидат затоа што веруваме дека честитоста, личниот профил на кандидатот проф. Гордана Силјановска Давкова гарантира дека Македонија во иднина ќе биде едно поинакво општество и ќе излезе од ова политичко мочуриште коешто и се случува во Република Македонија од независноста до ден денеска.

Мотивирани од сето ова, мотивирани од профилот на кандидатот, ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија води една таква кампања, оптимистичка кампања, но истовремено мораме да ги потенцираме и сите оние недостатоци коишто за жал ги има во голем број и секојдневно се појавуваат на политичката сцена во Република Македонија. Мотивирани од настапите на кандидатот за претседател на СДСМ, мотивирани од настапите на премиерот Заев, така што не можеме да останеме имуни и да бидеме вакцинирани од сите оние негативни настапи на овие политичари од Република Македонија.

Често пати ги потенцираме на нашите настапи , односно даваме пример како не треба еден политичар да се однесува во Република Македонија, а професорката Силјановска преку својот пример води една позитивна кампања, практично ги претставува политиките коишто во иднина планира да ги води.

Гледаме дека поддршката е се поголема, поддршката од ден на ден се зголемува и ние сме убедени во победата, најпрвин на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај каде што Македонија ќе добие претседател како што заслужува, надпартиски, човек кое што со своето лично CV, со својата биографија, со сиот оној кредибилитет којшто го има позади себе и како професор и како родител и како сосед и како другар ќе го гарантира.

Прашање новинар: Како ја коментирате посетата на Ципрас вчера на вториот ден од кампањата? Од власта велат дека има многу бенефит од оние договори кои вчера ги потпишаа?

Христијан Мицкоски : Од власта велат изминативе две години дека има многу бенефит, откако се тие власт во Република Македонија, за жал не само што граѓаните тој бенефит никако да го почувствуваат со исклучок на неколку семејства блиски до власта. Претпоставувам таков ќе биде резултат од оваа посета на господинот Ципрас, ако е бенефит да се срамиме да ја построиме македонската гарда и да ја емитуваме македонската химна каде што јасно стои дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Ако тоа го навредува нашиот гостин, тогаш чуму ни е сето ова кое што вчера ни се случуваше во Република Македонија?

Ако нашите пријатели не не прифатат онакви какви што сме, тогаш чуму ни се нас такви пријатели?

Јас воопшто во сите оние најави кои што ги кажува владата на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните не веруваат. Првата практично испорака на тие неверувања ќе се случи на 21-ви април а тоа ќе биде потврдено на 5-ти мај, а јас сум убеден дека конечно еднаш премиерот ќе си остане на зборот и откако ќе доживее дебакл неговиот кандидат, неговиот избраник на овие претседателски избори ќе распише предвремени парламентарни избори и тогаш ќе ја види вистинската состојба во Република Македонија.

Прашање новинар: Вчера имаше и четврто .., за специјалното јавно обвинителство, но не открија работните групи што е договорено. Дали има веќе некој договор за Катица Јанева или за нејзиниот тим?

Христијан Мицкоски : Па не би навлегувал јас во суштината за да не го загрозиме процесот. На процесот треба да му се даде шанса. Ние како што знаете имаме парола се бориме за правда но правда целосна, не селективна и за правда за определени политичари и определен временски период , туку правда во вистинска смила на зборот правда, а не трговци со правото и правдината за да реализираат определени политички цели. За жал министерката за правда нема менаџерски капацитети не успева некако да излезе од онаа матрица на сопственото политичко мочуриште со кое што е опкружена и оние флоскули од 2015 и 2014 и претходно. За жал заборава дека сега е министер на еден ресор во кој што покрај тоа што треба да има професионално знаење, треба да има менаџерски капацитети и не успева да најде баланс помеѓу тие две работи . Не успева да ги води преговорите во насока на тоа да се договориме, но сега гледаме кои биле нивните мотиви.

Ние апелиравме во минатото дека Владата но и сите оние кои што сме поврзани со политиката во Република Македонија се свесни дека повторно ние како држава нема да добиеме јасна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија што впрочем се случи вчера и денеска ги гледаме најавите од таму повторно некоја нова формулација за некои подготвителни процеси кој што досега ниту една земја практично ги немала и за да го затскријат овој неуспех се обидуваат да ја играат играта кој е виновен зошто ние нема да добиеме преговори, се обидуваат практично да ја префрлат вината на опозицијата.

Нормално ние овој несмасен обид на Министерката за Правда како и на Премиерот господинот Заев го осуетивме и ја предупредивме македонската јавност дека тоа ќе се случува и потврдата еве гледаме секојдневно стига .

Практично министерката преговара за да не се договори. Еве имаме амандмани на маса нека ги прифатат амандманите ако тоа е навистина услов за отпочнување преговори да одиме во Собрание и да го изгласаме новиот закон за јавното обвинителство но очигледно дека некој ниту има намера да се договори, ниту сака да се договори а ниту пак и покрај тоа што евентуално би го изгласале тој закон за јавното обвинителство Македонија би добила датум за отпочнување на преговори. Така што долгата приказна на кратко жената за жал нема менаџерски капацитети да води едни преговори за жал, второ што можам да кажам преговараат за да не се договорат и трето за жал на македонските граѓани на македонската јавност и покрај сите понижувања и омаловажувања што ни се случија изминативе две години ние повторно нема да добиеме чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Најверојатно ќе има повторно некоја прослава како минатата со понекој чочек на плоштадите во Македонија но ќе чекаме изгледа некоја друга прилика и некоја друга комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања