Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски бара МПЦ да му прости: Нема човек кој не згрешил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади -Прочка.

— реклама —

Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден кога секој од нас чувствува милоста Божја треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг. Заемното почитување и помагање треба да бидат наша водилка за заеднички да ги пребродиме темните времиња и да се спротивставиме на сите предизвици и премрежија.

Денес е денот кога треба да се побара, но и да се даде прошка. Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден.

— реклама —

Нашиот народ секогаш проштевал, споделувајќи ги заедничките христијански вредности затоа што секогаш знаел дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија.

Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е девастирано,кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.  Спокојот и мирот нека завладеат во сечиј наш дом, да ги почитуваме нашите ближни, соседи и пријатели. Да го следиме патот на почитувањето, проштевањето и љубовта и заеднички да работиме за просперитетна и успешна иднина за нас и нашите идни генерации“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања