Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски бара притвор за Jанева, оставки од владата и предвремени парламентарни избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Специјалното јавно обвинителство е завршена работа и првиот чекор што треба де направи треба да биде притвор за Катица Јанева, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

— реклама —

Мицкоски потсети дека бил уценуван од Катица Јанева во случајот со партискиот имот. Бара оставки од владата и предвремени парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „пипците на криминалниот октопод оддат до врвот на власта“, многу „погоре од двајцата осомничени кои се жртвени јагниња“, во случајот „Рекет“ кој вчера го обелодени Јавното обвинителство. Мицкоски денеска изјави оти не верува дека целиот случај бил можен „без поддршка од врхушката на власта“.

— реклама —
— реклама —

Вчерашната акција ја третира како „обид да се спасат вистинските нарачатели и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјата“. Јавното обвинителство, според него, не работи независно.

— реклама —

Мицкоски  побара притвор за Катица Јанева и за сите други лица вмешани во како што истакна тој криминалниот октопод, поврзан со вчерашниот театар, со приведувањето на двајца за рекет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања