Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мицкоски: Без работникот нема економија - честит Меѓународ ден на трудот 1 мај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski-novo-selo

Дозволете ми да го честитам Меѓународниот ден на трудот 1 мај на сите кои со својот труд, ангажман, лична заложба и сила обезбедуваат егзистенција за себе и за своите семејства, на сите работни луѓе кои  со своите раце креираат додадена вредност за себе и за нашата држава.

Без работникот нема економија. Затоа работникот треба да биде почитуван, вреднуван. Но тоа сега не е така. Работникот во Македонија е потиштен, тој трпи неправди, притисоци, закани. Неговиот труд најчесто не е платен, а маката и неправдите стануваат се поголеми. Ги нема ниту 500-те евра плата кои Власта ги ветуваше, ниту 100.000 денари плата за лекарите, ниту повратот на ДДВ кој требаше да оствари заштеда за 13-та плата. Нема ништо од тоа што ветуваа, а ветуваа многу. Оваа состојба мора да се смени. Мора да се избориме за подобри услови за работниците, за поголеми плати, за враќање на почитта за работникот во општеството. За вистинска пазарна економија која ќе креира повисоки плати, работа за невработените.

— реклама —

Промените почнуваат од нас самите. Да бидеме промената која што сакаме да ја видиме во земјата. Да се спротивставиме на сите лоши политики и да се избориме за подобро.

Достоинствено да се избориме за она што не следува. Работникот мора да биде вреднуван како што му прилега и како што заслужува, се вели во честитката од лидерот н ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања