„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик“, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски додава дека бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.
Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки. Да спасиме живот, вели Мицкоски.