Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Мицкоски: Цензус ќе има, а Гордана е идниот претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Независен вели дека е убеден дека ќе биде исполнет цензусот во вториот круг на претседателските избори и дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата.

— реклама —

-Jас лично не можам да му верувам на Зоран Заев, затоа што тој досега брутално се коцка со вистината, а можам да кажам и дека ретко кога ја говори. Не би можел да се потпрам на тоа што тој го изјавува. Но, доколку вие сега претпоставувате некое сценарио, што доколку нема доволен број излезени гласачи, ќе треба да седнеме и да видиме како понатаму. Јас сум убеден дека ќе има доволно гласачи, дека ќе има цензус и дека професорката Силјановска-Давкова е идниот претседател- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

-Јас би ви дал еден совет – овој тип политичари, кои често знаат да се коцкаат со вистината и најчесто не ја говорат, да не ви бидат поткрепа во градењето на ставовите и во перцепцијата на реалноста. Премиерот требаше да нè послуша и да распише предвремени избори. Се сеќавате на неговата театрална изјава дека ќе нè смачкал на избори, сега гледаме дека некој друг е згазен на овие избори. И тоа е вистината зошто не се охрабри заедно со претседателските да распише парламентарни избори, како што беше случај во 2009 со локалните избори и во 2014 година со парламентарните. Тогаш, претпоставувам, немаше денес да разговараме на оваа тема", вели Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања