Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски да ги повика градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ парите за партиски вработувања да ги насочат кон граѓаните, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski16122021

Во време на најголема економска и енергетска криза со која се соочува светот, поради агресијата врз Украина, владата предводена од СДСМ во континуитет спроведува мерки за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Донесовме 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на граѓаните и стопанството во време на криза.

— реклама —

Ја покачивме минимална плата, пензиите ги покачуваме, ја субвенционираме струјата да не поскапи повеќе, ги одржувме цените стабилни.

Активни се и мерките за штедење на сите институции кои ги спроведува и премиерот Димитар Ковачевски.

За жал, гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните во време на криза ги трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.

Го повикуваме Христијан Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

— реклама —

Мицкоски може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода.

Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, а ако веќе не се изедени чоколадите и бонбоните, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра во општинскиот буџет.

Неодговорно е во време на криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се посветени единствено на расипничко трошење на парите на граѓаните и вдомување партиски кадри.

— реклама —

Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства.

Затоа Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните“, додаде таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања