Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Да ги вратиме сите иселени заради лошите политики на Пендаровски, а на него да му помогнеме да се исели, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Foto-3-1

Добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и она изјава која што ја кажа пред некое време дека доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето кој е неговиот коментар за кандидатурата на Стево Пендаровски.

Мицкоски порача колку помалку Стевовци има во Македонија толку подобро и за граѓаните и за државата, односно како што рече тој граѓаните на претседателските избори да му помогнат да се исели од државата.

— реклама —

- Да му помогнат граѓаните да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија, тоа е подобро и за Македонија, а ние да најдеме начин сите пак оние кои што се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои што требаат дома, а ваквите пендаровци да им покажаме како граѓани што мислиме, порача Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања