Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Да го следиме аманетот на Свети Климент Охридски да се посветиме на добри дела, човекољубието и ревносна работа за својот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честитам големиот празник свети Климент Охридски, еден од втемелувачите на словенската писменост и основачот на првиот словенски универзитет.

— реклама —

Во времиња кога сите се соочуваме со распад на системот и на општествените и хуманите вредности, делото на светителот нека биде нашата ѕвезда водилка како да се избавиме од темнината која надвиснува врз нас.

— реклама —

Вербата во Бога, вербата во доброто и силната волја која светиот Климент Охридски ја покажал пред повеќе од еден милениум помогнала целиот словенски род да се избави од културниот јарем кој му бил наметнат.

— реклама —

Во исто време неговата непоколебливост и истрајност во делото било искрата на надеж и светлината на патот кој го водел народот низ мракот. Затоа неговиот придонес е толку голем и затоа неговото име е запишано со најсветлите букви во историјата и меморијата. Тоа е неговиот аманет кој треба да го следиме, да бидеме посветени кон добрите дела, да бидеме човекољупци пред се и ревносно да работиме за доброто на својот народ.Како прв словенски епископ, Климент Охридски го посветил својот живот на просветување и просветлување на народот, во правење епохални дела кои траат повеќе од еден милениум, и во директно соживување со својата паства и во доброто и во злото.

Живееме во времиња на предизвици, на голема сиромаштија која предизвикува безнадежност, која води кон рушење на моралните и духовните вредности на човекот. Тоа е директен атак и кон нас како поединци и како семејства и како општество. Затоа мораме да бидеме сплотени и со сите сили и капацитети да работиме на менување на работите кон подобро. Животот е еден и тој треба да го посветиме кон градење на добри дела, кон градење на добра иднина за себе и за поколенијата после нас, но пред се кон зачувување на хуманите принципи во нашето македонско општество.

Делото на Климент Охридски својот никулец го имало во македонската земја, и затоа Македонија мора да биде и да остане најголемиот чувар на тие свети вредности.

Нека е честит празникот.Нека е вечно делото на свети Климент Охридски.

Нека е вечна Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања