Промени тема
Контакт

Мицкоски да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државата наместо секојдневно од Белата палата да пласираат лаги и невистини, вели СДСМ

„Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Деновиве се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски Владата предводена од СДСМ по прашањата со Бугарија постапува сериозно и одговорно, силно штитејќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена од Собранието.

— реклама —

Ниту за Гоце Делчев, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните.

— реклама —

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата што подигаше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања