Промени тема
Контакт

Мицкоски да ја прифати пораката од граѓаните и да се откаже од деструкциите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Untitled-1

Граѓаните со дебаклот на протестот му упатија јасна порака на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски дека не сакаат блокади и деструкции, вели СДСМ

— реклама —

„Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски конечно треба да ја прими и разбере пораката од јавноста.

— реклама —

Деструктивното дејствување на штета на граѓаните и на државата е неодговорно, особено во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна.

Граѓаните знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор, кој ги поткопува државните позиции, манипулира за наводна асимилација и бугаризација не може да биде опција за иднината.

— реклама —

Лагите на Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец не поминуваат кај граѓаните.

— реклама —

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања