Промени тема
Контакт

Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети да ги пренаменат за потребите на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiDW

ВМРО-ДПМНЕ е пример на расипничко и криминално трошење на народните пари, со милијарди потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби, кристални лустери, вртелешки и низа други непродуктивни работи, вели СДСМ

„Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а во реалноста неговите градоначалници, во време на криза крчмат општински буџети на партиски вработувања и аздисување.

Ако толки се грижи за граѓаните Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

— реклама —

Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода.

— реклама —

Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра за чоколади и бонбони во општинскиот буџет.

Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства.

— реклама —

Наместо да молчи, Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања