Промени тема
Контакт

Мицкоски да постапи во интерес на граѓаните, а не да води инает, вели Костовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

— реклама —

Примери низ светот има бројни, во време на глобална криза, опозицијата и власта треба заедно да работат во интерес на граѓаните а не опозицијата да блокира, да кочи и опструира. Тоа го нема никаде освен кај ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

— реклама —

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

— реклама —

Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

Јасна е пораката на граѓаните до Мицкоски: не сакаат блокади и опструкции туку очекуваат одговорност од сите партии.

— реклама —

Граѓаните се против блокади и деструкции и очекуваат решенија за проблемите предизвикани од светската економска криза.

Таа порака Мицкоски мора да ја прими да постапи во интерес на граѓаните а не да води инает“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања