Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата како и стратешките приоритети на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Мицкоски истакна дека европската перспектива е клучна стратешка определба за Република Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата има план и знае како да ја стави државата на брза лента кон Европската Унија. Државата во моментот е блокирана како последица на недостатокот на реформи и погрешните политики на владата на Заев, посочи Мицкоски.

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ја посочи корупцијата и криминалот како крупен проблем со кој се соочуваат македонските граѓани, домашните, но и странските бизнисмени. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ бара брза разрешница на сите оние корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на власта како случаите „Рекет 1“, „Рекет 2“, Рашкоски.

— реклама —

Покрај проблемите со владеењето на правната држава, Мицкоски ја посочи и влошената економска состојба која резултираше со ниско ниво на странски инвестиции кои се клучни за развој на македонската економија, како и ниската реализација на капиталните инвестиции и падот од 7 места на извештајот на Светска Банка „Дуинг Бизнис“.

— реклама —

Соговорниците се согласија дека Република Италија е клучен партнер на Република Македонија во остварување на европскиот сон, а соработката помеѓу двете држави има простор и натаму да се продлабочува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања