Промени тема
Контакт

Мицкоски: Денешниот празник нека биде водилка за поголеми достигнувања и промовирање на христијанските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка. Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:

На граѓаните на Република Македонија им го честитам големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денес го чествуваме големиот просветител Св. Климент Охридски,  најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, светите браќа Климент и Наум имаат огромен придонес кон светската наука и култура.

Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи е дел од плодовите на неговата работа, дело кое за век и векови ќе остане врежано во светското културно наследство. Неговото дело е вградено во секоја буква која што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме.

— реклама —

Св. Климент е и основоположник на Охридската книжевна школа од која произлегоа голем број на учители ширум словенскиот свет.

— реклама —

Македонскиот народ треба да биде особено горд што на нашето тло отпочна големиот просветителски бран кој ќе остане запишан со светли букви во светската историја.

Денешниот голем христијански празник посветен на Свети Климент Охридски нека биде водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на христијанските вредности за заедничко почитување и помагање.

— реклама —

Вечен нека е неговиот спомен, а неговите дела нека се вечна инспирација за секој еден од нас.

Честит и вековит нека ни е големиот празник Св. Климент Охридски!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања