Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски до АРМ: Доаѓа ново време кога вие ќе бидете вреднувани!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку честитка им се обрати на припадниците на Армијата, на кои им порача дека тие заслужуваат највисока почит.

„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денот на Армијата на Република Македонија.

— реклама —

Денес се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“.

— реклама —

Нивната борба беше за слобода на Македонија, а АРМ како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар.

Преку учеството во антифашистичката борба, кога македонскиот народ заедно со сојузниците се избори за слобода и победа на фашизмот, преку учеството во мировните мисии предводени од сојузниците во НАТО, македонската армија покажа и докажа дека има капацитет да се сноси со сите предизвици. Бевте и ќе бидете секогаш на вистинската страна на историјата.

— реклама —

Имајќи ги во предвид жртвите кои ги давате во вашето служење за татковината, и како човек кој поминал низ нејзините структури ја заслужувате нашата највисока почит, но и третман од државата.

— реклама —

А, условите во кои дејствувате се несразмерни со трудот и интензивниот ангажман кој го давате. Затоа мора да се работи на подобри услови и подобар стандард. Доаѓа ново време, време за обнова на Македонија, кога секој ќе биде вреднуван“, пишува во честитката испратена од Мицкоски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања