„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Мицкоски до бојкотирачите: Гласајте поради себе и своите семејства, гласајте поради Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
micko-mitingg-696x492

На вчерашниот масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски испрати посебна порака на оние кои сакаат да ги бојкотираат изборите.

— реклама —

-Сакам да се обратам до оние кои цврсто заговараат бојкот, а кои сепак во своите срца ја носат идејата за Македонија. Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, и знам дека имате 1000 причини да бидете разочарани, повлечени, бесни, и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено, без ракавици, во име на организацијата со историско име и завет ВМРО, имате една причина зошто морате да излезете, таа се вика Македонија. Бојкотот на овие избори знаете дека му помага само на Заев, и тој потајно тоа го посакува и на тоа се надева, и на тоа работи. Некогаш треба да се биде молчалив и да се чека прилика кога треба да се биде гласен, ова е твое време. Сега треба да се биде гласен. Дојдете во нашето семејство, затоа што со нас имате многу повеќе заеднички работи, отколку со оваа однародена власт. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја имате. Дојдете заеднички да се бориме против ова зло. Излезете и гласајте, не барам да гласате поради мене или ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и своите семејства. Гласајте поради Македонија, рече тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања