Промени тема
Контакт

Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sredba205102020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки денес (05.10.2020) оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј  каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план.

— реклама —

Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.

При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.

— реклама —

На крајот на средбата Мицкоски и  се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања