Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски до Г.Г. Стефан и сите верници: Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vodici-Ohrid

Дозволете ми од мое и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление, Водици.

— реклама —

Со продолжување на вековната традиција на овој ден ја потврдуваме нашата верба во Бога и посветеноста на традиционалните вредности. Христијанските вредности, љубовта, добрината, хуманост и проштевањето нека ни бидат ѕвезда водилка во нашите животи.

Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање, пример за сите верници христијани за патот по кој тие треба да чекорат. Шансата значи  нов почеток, оваа година, овој празник нека е симбол за обновата на Република Македонија, која насушно е потребна.

— реклама —

Треба да завршат времињата кога граѓаните се оставани на страна, кога политичарите се ставаат над интересите на државата и кога политиката ја има во секоја пора општество делејќи го народот, создавајќи конфликти. Нашиот народ е помудар од политичарите кои се реликвија на сите лоши времиња на овој народ и земја.

Сите заедно сплотени, обединети во традиционалните вредности да си ја обновиме државата, да ја кренеме главата гордо високо и да им ставиме крај на поразите. На државата и е потребна работа и проекти, раст и напредок, да си ја вратиме назад националната гордост.

Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет на овој ден и низ целата година. Следува обновата, обновата за Македонија.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

 

БОГ СЕ ЈАВИ!

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

 

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања