Промени тема
Контакт

Мицкоски до Ромео:Поради неспобноста на власта, Република Македонија нема никаков напредок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-4-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот, Александар Николоски денес  остварија средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.

На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

— реклама —

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19  државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека се власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

— реклама —

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања