Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицкоски: До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dsc4-1

Поради големиот интерес кој што последните денови владее ширум нашата држава а е побрзан со акцијата и теренските активности кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ тоа е разговорите за обнова на Македонија, од денеска започнуваме уште две нови активности. Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд а тоа е секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во тие општини каде што ќе дојдат, да можат да ги запишат односно да ги сослушаат граѓаните кои  се нивните проблеми кои што се дел од нивниот секојдневен реален живот, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е активноста која што започнува од денеска, а викендот практично започнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она кое што претставува реален проблем кое што е дел од нивното секојдневие.

— реклама —

До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата  предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања.

— реклама —

Се надевам дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања