Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски до Заев: Вие сте единствениот аболициран криминалец во Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-mickoski

Одредени обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста. Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на Канал 5 телевизија.

— реклама —

Единствен аболициран криминалец во оваа држава е Зоран Заев. Иако попусто сакате да им го закачите тој епитет на луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сепак треба да сте свесни дека единствен аболициран криминалец сте Вие г-дине Заев”, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски го запраша Заев против кого протестираше?

— реклама —

Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил и дел од Републичкиот совет на обвинители, образложи Мицкоски на Заев.

Мицкоски додаде дека тој се уште го чека ветувањето на  Зоран Заев кое што го дал за поставување на бројчаникот на Триумфална капија, додавајќи дека нема ниту едно евро испишано бидејќи парите завршиле во џебовите на високи партиски функционери од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања