Мицкоски до Жбогар: Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
4

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес (07 септември 2020 година) оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му се заблагодари на ангажманот на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар за неговите придонеси за европската агенда, и се надева дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања