Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски доживеа пораз од Ковачевски на првото изборно соочување, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-Kovacevski

Голем пораз доживеа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на владечката партија е Димитар Ковачевски, вели СДСМ

— реклама —

„Со двојната победа на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа на Коалицијата предводена од СДСМ граѓаните застанаа зад исправните, вистинските политики, кои ја водат државата напред.

— реклама —

Граѓаните со големо мнозинство застанаа зад концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина и истовремено го поразија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

— реклама —

Граѓаните јасно порачаа дека не веруваат на лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, дека им е доста од деструктивноста и лицемерието на Христијан Мицкоски и неговите пулени од Белата палата.

— реклама —

Мицкоски е поразен на првото изборно соочување со Ковачевски и повторно ќе биде поразуван од граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања