Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски – Дрекслер: Владата нема поддршка за уставни измени ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од граѓаните, најдобро решение од овој ќор-сокак се брзи избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, заедно со потпретседателот и пратеник, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, во Република Македонија.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтегративниот процес на земјата.

— реклама —

— реклама —

Мицкоски ја информира амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа на Собранието, со тоа што не ги става уставните измени на гласање бидејќи нема двотретинско мнозинство, а тоа се потврди, како што рече тој, и на собраниската седница, кога, по завршувањето, наместо да се стави точката на гласање, таа се прекина.

Мицкоски уште еднаш го афирмира ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат и посочи дека билатералните прашања не смее да се услов за почеток на преговорите со ЕУ. Она што е потребно за исполнување на патот кон ЕУ се Копенхашките критериуми, кои подразбираат владеење на правото, воспоставување правна држава, борба со криминалот и корупцијата, како и почитување на човековите права и демократијата.

Toj рече дека во услови кога власта е делегитимирана и нема ниту поддршка од граѓаните, потребно е одржување предвремени парламентарни избори, кои ќе значат излез од овој ќор-сокак, во кој Владата на СДСМ и ДУИ ја втурнаа државата.

— реклама —

Соговорниците на крајот искажаа заемна согласност ваквите средби да продолжат и во иднина.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања