Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски е без срам, не се откажува од луксузот и Белата Палата, стекнати на коруптивен начин, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

Христијан Мицкоски е без срам, не се откажува од луксузот и Белата Палата, стекнати на коруптивен начин. Сега Мицкоски стана и обвинител и судија, па стана и експерт за кривични постапки, вели СДСМ

— реклама —

„Мицкоски заврши времето на судии и обвинители од министерски црни тевтерчиња, со баџаначки и кумовски врски! Во ниту една земја во ЕУ не постои таков коруптивен скандал на политичка партија која 11 години била на власт, да краде од граѓаните за врхушката на партијата да се луксузира.

ВМРО ДПМНЕ незаконски се финансирала, и остварила 4.6 милиони евра корист. Мицкоски може да раскажува колку сака лаги и измислици, доказите говорат дека ВМРО ДПМНЕ за да ја изгради прескапатс и прелуксузна, Бела Палата каде сега царува тој, градежната компанија која го правела дворецот имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политичките партии, Законот за финансирање на политичките партии и на Законот за облигационите односи.

— реклама —

Тоа значи само едно дека Белата Палата и луксузот во неа се од парите на граѓаните.

— реклама —

Ако на Христијан Мицкоски му беа важни граѓаните на оваа земја одамна требаше да им се извини за единаесет годишната кражба.

Ако ВМРО ДПМНЕ беше реформирана партија, Христијан Мицкоски ќе се откажеше од теписите од по 20.000 евра, прибори за кафе и колачи, вазни за цвеќе вредни стотици илјади евра, кристални лустери, модерни теретани и се што има во неговиот бел дворец.

— реклама —

Во ЕУ нема место за корумпирани политичари како Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања