Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски е на чело на антиевропскот концепт кој значи враќање назад и изолација, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата, вели СДСМ

— реклама —

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеа граѓаните дека македонскиот јазик ќе биде збришан, дека следува наводна асимилација на македонскиот народ.

Потпишувањето на Договорот со Фронтекс кое ќе следи на македонски јазик без фусноти е уште една потврда дека Христијан анти ЕУ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните.

— реклама —

Нема фуснота за македонскиот јазик. Сите, буквално сите лаги на Мицкоски се потонати во вода.

— реклама —

Нема ниту асимилација ниту бугаризација, туку има чист македонски јазик во ЕУ. По 17 години чекање, започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Со ваквото однесување, Мицкоски потврдува дека е предводник на антиевропскиот концепт кој значи враќање назад во изолација и неизвесност.

— реклама —

Тоа, СДСМ заедно со интитуциите и граѓаните, нема да го дозволи, македонската иднина е сигурна и таа е европска“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања