Промени тема
Контакт

Мицкоски е на погрешна страна, ги оправдува сите што поддржуваат агресија врз Украина, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата. Блокираат закони важни за граѓаните, а ја блокираат и работата на собраниските комисии, вели СДСМ.

„Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.

Една од нив, е и Уставниот суд, важна и независна институција која со месеци работи во нецелосен состав.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, очигледно не сакаат државата да има функционален независен судски систем.

После пресудите и признанијата во Титаник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и пречи на оваа опозициска партија.

— реклама —

Скандалозната изјава на Мицкоски во која ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина јасно покажа дека Мицкоски не е ништо друго освен остаток од мрачното, режимско минато кој брани криминал и насилство.

— реклама —

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски ги дели македонските граѓани.

Мицкоски не пропушта прилика да покаже дека работи против интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања