Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски е против ЕУ, Референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Христијан Мицкоски е против ЕУ, тоа е кристално јасно, вели СДСМ

„Тоа што го прави Мицкоски е единствено од негови лични и партиски цели за да си ја сочува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Откако му потонаа сите лаги и почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и заштитен македонски идентитет Мицкоски е очаен. Се плаши од јакнењето на проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое размислува различно од Мицкоски и сака државата да продолжи напред.

— реклама —

Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо.

Истито тој Мицкоски беше и против Преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува Преспанскиот договор.

— реклама —

Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.

Референдумот на Мицкоски нема поддршка од граѓаните, од опозициските партии и нема да успее. Мицкоски не може да го спречи европскиот пат на земјата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања