Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски е заложник на Левица и под сенка на осудениот бегалец Груевски, уплашен за својата фотелја, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Untitled-1

„Како што ја заврши 2022, така заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски, ја започна и 2023 година - со невистини, со закани и со лажна надеж дека само што не дошол на власт“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

Мицкоски ги потврди пироманските политики и во новата година продолжува да ја лаже и плаши јавноста со некакви национални порази и распродавање државни интереси иако минатата година постојано беа демантирани таквите негови лаги.

Исплашен за сопствената фотелја во Белиот дворец, Мицкоски по кој знае кој пат ја отвора приказната за ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори.

— реклама —

Дека Мицкоски се уште е во заложништво на Апасиев покажува и неговиот речник и заканите со некаков „пеколен крај“

— реклама —

Ниту збор не кажа Мицкоски за катастрофата што ја прават неговите градоначалници како во Град Скопје така и низ целата држава.

Поради лични интереси, Мицкоски идеолошки ја обезличи ВМРО-ДПМНЕ и ја стави во целосно заложништво на Левица.

— реклама —

Може Мицкоски заради лични внатрепартиски потреби да си прави сценарија за предвремени парламентарни избори, но факт е дека изборите ќе бидат редовни, во 2024 година.

На тие избори Мицкоски и неговите пиромански политики повторно ќе бидат поразени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања