Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Европа да не дозволи во 21 век руските интереси на Балканот да бидат реалност и да се случи асимилација на македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Во историјата наназад секогаш кога Бугарија се обидувала да го асимилира македонскиот народ или да го негира македонскиот идентитет, зад таа акција секогаш стоела поддршката од Русија, односно руските интереси на Балканот, така било и за време на Санстефанскиот договор кога практично денешна Македонија ја добива Бугарија подарок, а е резултат на оној договор што го направиле министрите за надворешни работи на тогашната Русија и Отоманската Империја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Охрид.


— реклама —

„Истото тоа се случило и кога е напуштен Бледскиот договор од страна на Бугарија еднострано по налог на тогашниот советски претседател Сталин и истото тоа, за жал, денеска само со македонска рака го потпиша триото Ковачевски – Пендаровски – Османи. Честопати велам кога би бил Тодор Живков жив, би бил многу горд на овие тројца и би ги нарекол сигурен сум како благонадежни Блгари“, рече Мицкоски.

— реклама —


Затоа повикувам, додаде Мицкоски, Европа да не дозволи во 21 век повторно руските интереси на Балканот да бидат реалност и да се случи асимилација на македонскиот народ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ е јасна во овие позиции и ВМРО-ДПМНЕ под ниту една цена нема намера да отстапи и по ниту една цена нема да го прифати бугарскиот диктат. ВМРО-ДПМНЕ само бара правата на македонската заедница во Пиринска Македонија да бидат испочитувани исто онака како што биле испочитувани и признаени за време на Бледскиот договор потпишан помеѓу тогашниот југословенски диктатор комунистички Тито и бугарскиот комунистички претседател Ѓорги Димитров. Тоа е комплетна културна автономија, давање на целосно право културно на Македонците да учат на свој мајчин јазик, дури имало и македонски народен театар. Од една страна имате 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Пресуди кои се со фокус на правата на македонската заедница во Бугарија и нула пресуди за бугарската заедница во Македонија чии права се тука загрозени кој е предмет на асимилација и кој е предмет на тортура и терор, многу е јасно. А ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прифати бугарски диктат“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања