Мицкоски-Галовеј: Здравјето на граѓаните ни е на прво место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC03

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски денес оствари видео разговор со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

— реклама —

Во разговорот стана збор за здравствената и економска криза, како политичката состојба во државата.

— реклама —

Мицкоски посочи дека Република Македонија се соочува со тешка здравствена состојба, како и економска криза која државата ја става во незавидна состојба. Стопанството е преполовено и очекува реална поддршка од Владата која во моментот не ја добива.

— реклама —

Мицкоски посочи дека е несериозно  однесувањето на Зоран Заев и СДСМ кој лицитира со датуми за избори додека се бројат жртвите од корона кризата. Првенствено потребно е да се заштити здравјето на граѓаните а потоа да се обезбедат гаранција за безбедни избори.

Зоран Заев наместо да се бори за помал пораз на изборите, треба да се бори заеднички за заштита на здравјето на граѓаните, истакна претседателот Мицкоски. Заев ќе изгуби на изборите, но прво треба да е здравјето на граѓаните.

Претседателот Мицкоски истакна дека е за развивање на стратешкото партнерство со Велика Британија и унапредување на взаемната поддршка и соработка.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања