Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Ги чув изјавите на О`Брајан, но чув и за европските шамари во контролата на летање, како и редиците за пасоши во МВР, треба да се знае уставни измени под бугарски диктат нема да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-51325123

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Топ Тема“ на Телма во однос на изјавите на О`Брајан изјави дека тие се внимателно анализирани исто како шамарите во М-НАВ, редиците за лични документи и посочи дека додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени вакви какви што се нема да има.

- И правата и втората изјава на господинот О`Брајан внимателно ги слушав и анализирав, исто како што внимателно ги анализирам и изјавите на друте претставници на меѓународната заедница и дојдов до заклучок, а тој е дека кога О`Брајан слета на скопскиот аеродром, на отприлика 500 метри од пистата, високи активисти на ДУИ неколку недели претходно делеа шамари. И се обидов неговата изјава во контекст на тие што имаат план за Европа да ја ставам во овој контекст, каде активистите на ДУИ меѓу кои и претседател на огранок, влетаа и направија упад на стратешки објект, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека не може да се стави знак на равенство на вакво однесување во М-НАВ и како треба европски да ја развиваме Македонија.

— реклама —

- Исто анализирајќи ја изјавата, на некои 500 метри од каде што ја даваше изјавата, луѓе буквално со нечовечки маки дневно со саати чекаат за патна исправа, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Во однос на уставните измени, Мицкоски најдиректно кажа дека вакви какви што се уставните измени никогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа додека сум е тој претседател.

- Македонија и македонскиот народ за тој пат кон ЕУ дадоа многу, име, знаме, банкноти, знаме, Устав, време е меѓународната заедница да почне да испорачува. Македонија тие што ја претставувале прифатиле нешто што не може да испорачаат, зошто не не вклучија во процесот и ќе им беше јасно дека ова не може да помине, ќе излезеше француски предлог плус каде ќе бевме убедени дека има предвидливост дека меѓународната заедница ќе и дозволи на Македонија да тргне на патот кон ЕУ, но тоа не се случи. Мислеа дека ќе стават потпис и ќе останат на власт, а Македонија не доби ништо, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања