Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицкоски: Ги повикувам граѓаните да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за Силјановска Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

mickoski-novo-selo

Денеска продолжувме овде во Ново Село, победничко Ново Село очекуваме на 5 мај победата којашто беше во првиот круг да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник, Гордана Силјановска Давкова идниот претседател практично да ја потврди победата којашто беше исто така во првиот круг изразена, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Власта предводена од Зоран Заев и СДСМ е делигитимирана. После поразот во првиот круг во 47 општини во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова со освоени 42, 5 % од гласовите ја потврди доминацијата уште еднаш како најголема политичка партија, партија којашто обединува најголем број граѓани во Република Македонија.

— реклама —

Продолжуваме со несмален интензитет со нашите активности ширум Македонија. Денеска овде сме како што кажав цел ден во Ново Село, попладне продолжуваме во Гевгелија, а вечер се враќаме во Скопје и така се доконечен триумф на 5 мај.

— реклама —

Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Жителите на Ново Село се обединиети околу името на Николчо. Николчо е иден градоначалник во Ново Село, во тоа сме сите сигурни и убедени такашто очекуваме еден голем триум, двоен триумф овдека во Ново Село на 5 мај и Македонија да ја добие првата жена за претседател на републиката исто така на 5 мај, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања