Промени тема
Контакт

Мицкоски ги правда сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина, смета СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

“Според скандалозната изјава на Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале “статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи , Ковачевски, Пендаровски и „слава Украиниа’”, велат од СДСМ.

Тие додаваат:

“До вчера Мицкоски велеше дека е за заштита на територијалниот интегритет на Украина, за вечерва да ги оправдува оние кои ја поддржуваат воената агресија врз Украина.

— реклама —

Колку голема е фрустрацијата на Мицкоски штом дава вакви изјави?

— реклама —

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет Мицкоски го дели македонското општество.

Дали Мицкоски се обидува да го следи неговиот партнер Димитар Апасиев кој веќе ги користи зборовите на Путин?

— реклама —

Едно е сигурно, ова е манифестација на политички незрел човек, без основно чувство на државност и без можност да ги процени последиците од своите незрели изјави”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања