Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Мицкоски ги советува новинарите да не му веруваат на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-izjava

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со совет до новинарите, своите перцепции да не ги темелат на изјавите на премиерот, Зоран Заев. Според него, Заев се „коцка со вистината“.

— реклама —

-Јас би ви дал еден совет – овој тип политичари, кои често знаат да се коцкаат со вистината и најчесто не ја говорат, да не ви бидат поткрепа во градењето на ставовите и во перцепцијата на реалноста – вели Мицкоски во интервју за „Независен“.

Тој е убеден дека ќе биде постигнат цензусот на вториот круг од претседателските избори.

— реклама —

-Што доколку нема доволен број излезени гласачи, ќе треба да седнеме и да видиме како понатаму. Јас сум убеден дека ќе има доволно гласачи, дека ќе има цензус и дека професорката Силјановска-Давкова е идниот претседател – вели тој.

Мицкоски порачува дека Заев требало да прифати предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Резултатите од првиот круг, според него, би му донеле на ВМРО-ДПМНЕ 47 градоначалници да беа локални избори, наместо петте што ги имаат сега.

Мицкоски додава дека најавите за чистка на Заев по изборите, се само евтин меркетиншки трик.

-Еве сега ќе зборуваме и за метлата, затоа што тоа не е некој оригинален трик, туку бледа копија. Сега се создава една друга теза дека после метлата на Заев ќе му се придружат луѓе што имаат капацитет. Тоа е комплетна лага, проверен рецепт, кога не ти оди, да си го поткренеш рејтингот кај луѓето. Но, граѓаните знаат колку му тежи зборот на Заев. Овој истиот човек пред неколку месеци нè убедуваше дека ако ги смени тие луѓе ќе нема со кого да работи, а сега вели дека ќе игра метлата – вели лидерот на вмровците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања