Промени тема
Контакт

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДС нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.

Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДС се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.

— реклама —

А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде  изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори  ги чека дебакл во низата  и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи, кажа Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.

Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре, заклучи Мицкоски.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lepa-brena

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Македонија | пред 23 часа

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата е ставена под контрола

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Македонија | пред 1 ден

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ со прашање до Филипче: Дали преку СДС во Македонија продира „српскиот свет“?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања